На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И ќе ја полниме плоштатката пред црквата, започната како Преображдение, а завршена како Свети Сава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)