Исто така, работодавачот не смее своите побарувања кон работникот, без негова писмена согласност, да ги порамни т.е. компензира со својата обврска за исплата на платата (чл. 111, ЗРО/05); в) со ЗРО (2005), за прв пат, законски се прецизира од што е составена платата, а тоа е: т.н. „основица“ – делот на основната плата, потоа следува т.н. „бонус“ – делот за работниот ангажман и успешност, па додатоците (чл. 106, ЗРО/05) и, на крајот, надоместокот на трошоците во врска со работата (чл. 113, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)