Читателот ќе биде предупреден уште од првите страници на книгата: „Победата или поразот никогаш не му се нудат на човекот во чиста состојба, како што впрочем животот постојано сведочи.”
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Местото на победа или пораз беше екранот, а не земјата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Помисли како пред десет минути - да, пред само десет минути - во неговата душа сѐ уште имаше двојство додека се прашуваше дали веста од фронтот ќе биде за победа или за пораз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Смислата на победите или поразите во нивните битки со зборовите ветерници не можеше никој да ја разбере, а често и тие самите не ја разбираа, но ги крепеше надежта дека следи секогаш другиот ден, новиот збор извлечен од темнината на минатото во светлината на новиот ден...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема победа или пораз без курбан!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
47. КУРНАЗ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во минатите времиња, војната речиси по дефиниција беше нешто што порано или подоцна ќе биде завршено, обично задолжително со победа или со пораз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)