И како што надоаѓале пролетните поројници во свијокливото корито на Давидица, рекичка што некаде околу денот на светецот Петар е испиена преку ноќ од горештина, така ненадејно растеле и невисоките ѕидови на четириесет и трите воденици - груб камен врзан со иловица или, подоцна, со вар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко сакаше да го прекине побратимот во пофалбите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Имал побратим во турското село.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во тоа време и Анадолецот Ариф Исмаил ја ставил под клуч беговата воденица и отишол на коњ да слуша баботење на домашен оган кај некој побратим во Качаник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)