Низ зелените површини во градот пасат кози и овци, а има и кучиња - скитници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Неговиот песимизам излегол на површина во приказните како Тарас Буљба (1835) и Дневникот на еден лудак (1835).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од близу 13 илјади декари зелени површини во Софија половината од нив се паркови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Црн облак од чад висеше на небото, а под него облак од малтерска површина во која веќе се создаваше врвулешница од луѓе околу урнатините.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Без учество на човечка рака, со специјални напојувачки инсталации, се подржува оптималната влага на земјишната површина во блоковите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе се фрлиш за прв пат
главечки, ќе пливаш само за себе
butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш
оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш
по пробивот на сонцето, ако го има
по работата на срцето
по подноктиците
перките и алгите
по трагите од морските пци
ќе ја унапредуваш техниката
отскок на површината
во последен миг
неверна кон сѐ
кон животот посебно:
ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел
во ждрелата на оние кои во тебе гледаат
неидентифициран плод, увод во гревот
зашто другите, одбраните, некаде далеку
ѕемнат во истите ноќи, подоткриени
јазикот го вадат од мрзеливи легални усни
и скришум ги бришат своите
благоглаголливи:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Неговите собрани раскази имаат добиено високи признанија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)