Општествената димензија на Бојсовото дело - вклучувајќи ги политичките и образовните активности, кои ги сметал за неделиви од својата уметност - го одразуваат неговиот обид другите страдалници да ги запознае со неговата рана и со можноста за нејзиното излекување со топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Камењата и дрвјата стојат едни наспроти други како кристалното саќе и течниот мед. (Камењата покрај тоа ги претставуваат и скалите на кои Бојс бил ранет за време на Втората светска војна.) И тука главната тема е преминот на метаморфозата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)