Бегај изгоро студена...стопи се под мојата жешка стапка...таа се дими од премора, од триење на мислите...а погледот ми залута, луто се насочи пред очиве ми...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Погледот ми продолжи угоре, на блискиот рид на кој како да беше излегол Сталин од својот мозаик, граден со камчиња од сите краишта на Албанија по повод стогодишнината од неговото раѓање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со надеж неумитна ја барам земјата која постојано пред погледот ми бега, повеста која не дава да се вообличи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога се свртив десно, погледот ми тргна над новиот ѕид.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Погледот ми е прикован за тешката рака на стариот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во тој момент погледот ми отиде налво од таа нејзина Блажена Девица Марија, кон една стара фотографија.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Погледот ми побегна кон прстите на мајка кои и натаму ја превртуваа свеќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Крпчето ми се измести и наместо со него, поминав со прстите по сечилото на ножот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ми се губи во трагите од неговите години...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)