поглед (имн.) - низ (предл.)

Нејасни се моите мисли, како поглед низ дождовен превез од ситни роси.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Седеа разговарајќи со часови на правливиот под со расфрлена слама, станувајќи одвреме навреме час едниот час другиот, за да фрлат поглед низ пушкарниците и да се уверат дали некој доаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шета со погледот низ селото и гледа: си останало исто, си го задржало истиот изглед; има по некоја куќа нова или обновена, но не се раширило, си ја задржало онаа своја збиеност: од која куќа да викнеш, на другата ќе се чуе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го впери и таа погледот низ прозорецот и одлута со мислите во бескрајното пространство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Погледот на доктор Батибиус врз неа е всушност нашиот поглед низ отворите во Дишановото дело, а водопадот можно е да укажува на протечната вода во ровот од Маркеловата куќа или дури и на возот во трката со велосипедите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го чувствував погледот низ полузатворените клепки како поглед низ затворски решетки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја испија ракијата, се погледнаа полковниците меѓу себе задоволни од ваквата убава ракија, испија по една, а потоа фрлија поглед низ прозорецот кон езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред семафорот менуваме охрабрувачки погледи низ стаклото на автомобилот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)