Беше крај мене кога пишував, но одеднаш умееше да се оддалечи, да укаже на својата дистанца, едноставно да ја нема или целосно да ја смени големата тема од сржта на мојата сага, да се сврти на помалку значајни теми, на прв поглед банални, дури и да ме предупреди дека и не морам да одговарам на нејзините писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)