поглед (имн.) - насочен (прид.)

Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со листот како трофеј продолжи да ги повторува нечистите валкани зборови со џелатскиот поглед насочен кон Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Момче со копнежлив поглед, поглед насочен кон височините, длабоко втиснат поглед во целта, подготвен да се бори со неа сè додека не ја разбие и повторно во безопасни парчиња.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
(12) Најголемите сличности, несомнено, се наоѓаат овде, во овој дистанциран поглед насочен кон скриеното функционирање на организмот, во овие биомеханоморфии што ги цртаа и едниот и другиот: во Leonardo-виот анатомски цртеж на женско тело, во Duchamp-овите женски актови без кожа, какви што се Невестата од 1912. и Преминувањето на девицата во Невеста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Потајно улам на тебе, на твојата скришна насмевка, на твоите усни во кои заоѓа сонцето, улам на строгоста на твојот збор, на твојот рапав глас, улам на твојот поглед насочен како стрела кон сонцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)