поглед (имн.) - нагоре (прил.)

Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Чуварот се исчуди, како да поразмисли, но сепак ја крана десната рака до слепоочницата во знак на поздрав и ја врати на грбот каде што пак ја прекрсти со левата и го испрати со поглед нагоре по скалите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стоеше така долго, загледан занесено во колоната, што се губеше во далечината, по тоа крена поглед нагоре кон знамето, кое што се вееше на високиот јарбол.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По пауза, таа пак фрли поглед нагоре по реката и некое време го подзапре таму додека не си ги прелапна усните и некако го врати погледот пред себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вера фрли поглед нагоре по реката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)