поглед (имн.) - срамежливо (прил.)

Нашите погледи срамежливо ја испитуваа голотијата, и си ги баравме очите – јас неговите, тој моите - и потоа погледите ни паѓаа на подот, од срам, од збунетост, од страв; сѐ беше првпат, погледот на голото тело, оние неколку чекори до постелата направени со таква несигурност како тукушто да сме научиле да одиме, приближувањето на нашите тела, нивното испреплетување, и дишењето кое беше силно како по раѓањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден ден ми рече: “Сакам да ја посетам мајка ми.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)