Откако творечкиот поттик ќе ја спушти раката врз празниот лист, за што зборуваше Маларме, и при пишувањето и потоа поетот го опседнуваат прашања, сомневања, скепси во пронајдениот збор во кого се вградил поттикот: чувствувањето, мотивот, идејата, спонтаното и мисленото, согласјето на звуците и созвучјата, говорниот ритам и мелодијата на фразата, боите, - оној недоловлив и пресуден здив што ја исполнува и открива песната.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Маларме поетот го нарекува „волшебник со букви“, а алхемичарите во едно писмо ги нарекува „претци“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но поетот го преколна казната што побргу да се изврши, зошто бил убеден дека со повторното раѓање, уште посилно ќе ја поседува во себе неуништивата љубов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Поетот бега во паркот. Во паркот- езерце: калливо, со тресје и жаби што скокаат наоколу. Поетот го сака ова место.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Да се биде“ и кога „никој не ме гледа“ е местото на светотот прибежиште во кое поетот го „кове“ заговорот кон своите ненапишани песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)