Поточето што истекувајќи од Кладенец тече низ скалести корита, некогаш дрвени сега претворени во обични вирови, долу, а во рамницата, во бавчите, се влива во Голема Вода и е поило на дивината, добитокот и овците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Слезе на буништето на животот и во правта на разурнатите денови трага по солилото и поилото на осаменоста
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лицето му беше зелено и влажно како нешто што живее по густите бари или по поилата на селските чешми.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бегот ја држеше пушката свртена кон нас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)