Тој дваесет и осумгодишен, силен маж имаше две различни очи: едното му беше зелено, а другото сино (отсекогаш се плашев од него, оти ми личеше дека од двајца е составен), со потсмев гледаше на тоа што разбојот го сфаќам како уметност, а не како средство за стекнување и покажување физичка сила.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)