Наоколу звучниците повторуваа од покривите сѐ едно исто: Мракот и сенките денот го сменија, ова е миг на алчната Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Која е таа Мортенија? – го прашав човекот што потрча крај мене. Не ме ни погледна.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)