покривач (имн.) - и (сврз.)

Виде соба осветлена со свеќа, со простран кревет покриен со бел покривач и се виде себеси, како дете од девет или десет години, како седи на подот, тресе една кутија со коцки и возбудено се смее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Легна на својата сламарица, се покри со козинениот покривач и зајачи колку што можеше поболно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѝ даваа селаните и покривачи и перници, виљушки и лажици, чинии и чаши, чорапи, фанели, кошули... и немаше ден камбаната да не удри на мртво и се пренесуваше дека тој и тој загина и плачење се слушаше секој ден во селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- „Така“, - одговара кратко и решено Соколе и самиот оди, го пренесува јастакот и покривачот и постила во дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)