Слично како што на плажа собиравме лушпи од школки и полжави или разнобојни каменчиња за да нè потсетуваат, нас континенталците, на морското лето, така и овие евтини сувенирчиња ги купував за спомен на синото море, неговите запенети бранови и живописните улици и приморските гратчиња.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Некои мали водени полжави или инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од сѐ што не испланирал ами само замислил ова лето дома не му остана ништо освен да се остави на матицата од денот, онака како што ореовата лушпа се препушта да ја носат брановите додека на ја сплескаат на некој каменит брег, како гол полжав или како фрлен мрсул.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)