Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Книгите сè уште седеа наредени по полиците во неговата соба, во куќата, во градот, и сеќавајќи се на нивното невидливо, заборавено присуство во својот живот, тој си вети дека кога ќе се врати дома, ќе ги препрочита сите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На Марка му направи впечаток челниот ѕид со просторни полици во кои имаше неколку диференциали.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
СИМКА: (Млада, бујна девојка внесува од другата соба миени садови и ги реди на полица во долапот).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Книгите на чичко Ташко имаа особено значајно место на полиците во нејзината соба.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Колку што знам, нивниот програм се уште го чека Еди Бакс на полица во продавницата на третото ниво на Сиднеј Централ-5.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ќе остане на полицата во ходникот, отфрлено и заборавено. И којзнае до кога.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа ги редам на најдолната полица во плакарот - за собирната акција на секундарни суровини.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)