Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)