помош (имн.) - ќе (чест.)

Бегството на кралот Петар II и југословенската влада во Велика Британија (јуни 1941) им давало надежи на истите дека со британска помош ќе можат да се вратат во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но кога Кијмет ќе забремени, и кога самата без ничија помош ќе се породи, наеднаш ќе се случи чудо: од собата на Кијмет ќе се слушне „блага, милозвучна песна, со убави зборови на турски јазик“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иако во почетокот авторот не го ишка, откако Ишето ќе си најде Ишка со чија помош ќе ја наполнат куќата со Ишиња, авторот ќе се најде во сериозен проблем.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа веројатно ја загуби надежта дека со моја помош ќе може на сите да им го каже тоа што го чувала длабоко во себе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во секој случај прва помош ќе чекаш од баба Анча.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сега дами и господа, младата надежна балерина Кристина со мала помош ќе изведе рецитал под наслов: „Кој сум, шчо сум, шчо напрајф и шчо требит да направам за однапред”! (Ја зема Кристина пред себе како кукла.) Ајде коконо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Кажи им. Се договоривме. - Ќе им кажам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со господова помош ќе ви ги изделкаме камењата за неколку дни, три или четири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се надеваше дека со ова ќе заврши лудиот период во пубертетот на неговиот син, по кој со негова помош ќе заплови по помирните далги на зрелоста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така, биро. Свртете се и можеби со Божја помош ќе се најдат пари во мојата азна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)