И покрај исправените трупови со раширени раце и со остри жолти коси и бради (сеедно, и самиот поп можел да биде меѓу првите луѓе на својата Библија), по посеаните ниви се собирале бушави врапци и без сопир џивџикале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и Анѓа не направи никаков каршилак. И нејзе ѝ се виде дека оваа работа кога да е, јалова ќе излезе, и само попот може да се користи, та поповото излегување таа не го направи некаков маслават.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Своерачно, со стрпливост на виден мајстор потонат во уживање, забуцал по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)