На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Внатре чинодејствуваше митрополитот дојден од црквичето „Свети Јован Претеча“, со уште двајца попови од скопските маала.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Градена е 1875 година и за неа дедо раскажуваше: - Тогаш, во турско, кога нашето село беше чифлик, почнаа да ни доаѓаат де попови од Бугарија, де попови од Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)