По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Евет, валиефенди (Разбирам господин валија) — одговори кајмакамот на оваа порака и зачека да му се јави мариовката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во сите овие музеи, во кои на моменти ми изгледаат како затвори на животот, водичите- конзерватори ги гледам како чувари на менталните затвори кои се подредени на наредбите на една моќна идеолошко-политичка Централа од која зрачат непогрешливите пораки и инструкции на Партијата...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не станува збор да се пишува за другите туку за себе лично, но тој некој лично мора да биде и тие другите; тоа е така elementary, my dear Watson, што во човекот се раѓа недоверба, се прашува нема ли некаква несвесна демагогија во толкавото разбирање и препотврдување меѓу испраќачот, пораката и примателот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од пораките и од писмата што ги добив јасно се виде дека многумина читатели предметот ми го разбрале како прикриен обид да се врбуваат стрејт- студенти и да се преобратат во геј- животниот стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сонцето заоѓаше. Мама стоеше крај мрежестата врата зад мене, ме гледаше како ја свивам пораката и ја ставам в џеб.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)