Несомненоста на откритието што и не помислував да го сместам во папките на сонот, зашто и не беше дојдено од таму, наеднаш го сфатив како порака или како наговестување на сомнението дека можеби не сме гости само на еден единствен живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Впрочем кој ни ги испраќа таквите виденија, се запрашав?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа за миг стивна, почнаа наведнати да се договараат, го испратија келнерот до нас со порака или да појдеме или да дојдат, а Живко и без посредство на келнерот да ни се придружат, па тие сосе чашите и шишето вино седнаа со нас уште на една маса што ни ја припои кленерот, и се разбира, потоа се створија уште неколку шишиња, кои келнерот ги носеше само на еден намиг.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги допревме ушите до мазното дрво: чувме ѕвецкање на чаши, шум на чекори, еден глас што ги повикува другите да се смират и да сослушаат некаква порака или говор.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)