Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа е делот што не го сакаат и како да не ме раскинува однатре чувството дека ме тепаат или дека снегот ми влегува во чевлите кога Луис Марија игра со мене и неговата дланка на мојата половина ме опива како пладневната топлина, вкусот на силни портокали или на дробени бамбуси, а неа ја тепаат и не се издржува, па тогаш мора да му речам на Луис Марија дека не се чувствувам добро, дека е од влажноста, влажноста од оној снег што не го чувствувам, не го чувствувам и ми влегува во чевлите. 25 јануари Јасно, дојде Нора да ме види и се случи сцена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некои крадеа на пазар портокали или лимони, други го поганеа местото таму каде што им доаѓаше. Трети пак, влегуваа по бавчите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)