На гробиштата владееше невидено спокојство и мир и за тие што почиваа таму, а и за посетителите кои со респект тивко се движеа меѓу гробовите.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Го забележав или тој ме забележа мене меѓу групата посетители кои, свртени кон водичот, му ги оживуваа зборовите и ги гледаа калуѓерите и нивните црномантијни братства во тајните отвори и одаи, во длабоките студени пештери и ќелии.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)