последица (имн.) - бев (гл.)

Дури и последиците беа јасно видливи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Последицата беше од чисто срдечно естетство, па затоа, поради мојата тврдост, за другите и остана незабележена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вторник Август Постоењето беше мистерија за која причините и последиците беа сосема неважни, недопирливи, ако сате нејасни понекогаш и непотребни.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Всушност, немоќта да се излезе на крај брзо и неповратно со предвидената замена на верувањето што очигледно завршуваше со пораз, со своите видливи последици беше присутна во Атеистичкиот музеј…
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка, по свој пат доаѓаше до татковите филозофски заклучоци во својата Историја на Балканот низ падовите на империите, во однос на потрагата по излези од напластената историја на Балканот, каде што нејзините последици беа најсилни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најстрашна последица беше паѓањето на неколку книги од полицата кои безмалку сосема се распарталија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)