Јаков не одговори. Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија. Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)