постоење (имн.) - е (гл.)

Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сликата на неговото постоење е сликата на претскажувањето- галоп.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Нека си ги имаат своите верувања, ако тоа ги усреќува, но да им се вели на малите деца „Токму ова е вистината“, значи да се оди предалеку”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не може да не се забележи дека нивната најдобра работа се одвива во 60-тите и 70-тите, кога мистериите на изведбата и чувството за сопствен идентитет се поголеми одошто во монументалните, намерно неспретни фото-дела.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Иако рецентните фото-панели служат како вонсериска верзија на истиот епистоларен императив - огромни, бучни писма до планетата - темата на нивното сопствено постоење е затемнета.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„И моето постоење е дел од процесот на еволуција и природна селекција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во светот опстануваат само посилните, тоа е законот на борбата за опстанок.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)