Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во 90-тите години од минатиот век, кога се распадна Југославија, земјата на пристанот во нашиот егзил, и го продолживме како државјани на Рерублика Македонија, животот ми го огреа братското пријателство со големиот француски филозоф Едгар Морен, со потекло македонски сефард од Солун, за кого ќе ви пишувам повторно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)