Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
-Да. Со текот на времето доаѓаат потребите од заслуги, пофалби од околината за сторените дела. Таа цени дали тој добро живеел.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А дека Неби-ага мораше да стане уште во мугри и да го клања сабах намази, тоа заслужуваше секаква пофалба од страната на ибн Бајко, познат спанко, кого само моќната труба на гласот од Тодора го протресуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Лествичникот се возвишува пред другите и прави добри дела само заради пофалба од логотетот; неговата свеќа во храмот свети само додека има луѓе што ја гледаат и ѝ се воодушевуваат, велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)