почеток (имн.) - бев (гл.)

Од каде да почнат со толкувањето. Дали во почетокот беше Зборот или почетокот е крајот, а крајот е почетокот?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сави, биологот, рече нешто згодно: „Во почетокот беше чувството, а зборот тука сигурно не бил.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Рано ѝ се посветивте на медицината; сепак, почетокот беше инаков. О да, и тоа како.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И така, на првиот термин (технички организиран од Влатко Галевски кој во текот на проектот доби улога на продуцент, покрај тоа што во почетокот беше снимател) ние неколку лудаци се најдовме во шумите на Водно: Митко Панов, Илија Даскалов, Поп Дучев, Роберт Пашовски, Тони Аџи Николов - музичар и композитор (заедно со М.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еден определен мал простор, кој во почетокот беше заземен од определениот предмет сега го зазема стврднатото време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На почетокот беше Зборот, а зборот пустиот секогаш на врв јазик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, и тоа за почеток беше нешто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На почетокот беше во тек со нивниот разговор, подоцна умот ѝ одлета некаде кон ѕвездите, таму некаде горе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дополнителна потврда за тоа беше можноста редимејдите да се репродуцираат, и нејзината функција беше чисто информативна, а се поврзуваше со претходно изнесената очигледност на материјалното обликување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали оваа реченица укажува на тој факт?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, што се однесува до репродуцирањето, Дишан од почетокот беше крајно внимателен (сигурно можноста да ги размножува му била доволна), и се погрижи сериите да бидат бројно ограничени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Претстоеше нова потрага во новите зборови во кои се вдлабочуваше и бараше нова потврда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко сега беше песимист, Камилски сега стануваше оптимист, додека на почетокот беше обратно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османската Империја продолжи Татко беше полиглотска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Климент Камилски, кој на почетокот беше речиси дел од процесот за конечна пресмета со опасните турцизми, со текот на работата ја разбираше комплексноста на процесот, уверувајќи се, сепак, во тезата, која претходно ја оспоруваше дека Балканот бил вообличен и од византиско-османската ментална синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Четврток Јуни На почетокот беше зборот сеприсутен, осамен и семоќен.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во почетокот беше тешко, споро, но постепено рацете ми се привикнуваа, прстите ми се разработуваа и везев сè подобро и подобро.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На почетокот бев среќен што го имам поголемиот дел од одајчето за себе иако секој ден навечер морав да ја метам косата и со мокра крпа да ги бришам штиците, а потоа да ја постелам рогозината врз сѐ уште мокрите штици, да подметнувам еден крпарник врз неа и со ист таков да се покривам во ноќите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се исповедам пред Бога Свежо избричен Гологлав Со предупреда во Зборот: На почетокот беше Тој!
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Тркалото почнува да пее, забавено да игра: - На почеток беше збор, само мал, изгубен збор и како секој осамен збор и тој си бараше одговор.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Стварноста е вратка шум од значења и линии: на почетокот беше линијата сликата на светот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во почетокот беше небо и земја. Па дојдоа тие. Па дојдов јас. Каде тие, таму ние.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ние, машките, на почетокот бевме меки, ама откако почнавме да градиме палати во песокот, каков натпревар беше тоа чудо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По извесно време, газот почна да говори на своја сметка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И во почетокот беше страшно забавно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Почетокот беше здодевен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во почетокот беше капитал. (Гледа на часовникот.) Работниот ден е завршен.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тие, во основа, биле запознавани само со неопходните информации за кои одговорните при штабовите сметале дека би требало да ги знаат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Имајќи предвид дека народноослободителното движење од самиот почеток беше оставено само на себе, без никаква поддршка од која и да е западна сила, тоа му даваше право да презема активности што беа од негов интерес, без да бидат известени претставниците на британските воени мисии при ГШ на НОВ и ПО на Македонија или американските претставници распоредени во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Рокенролот на почетокот беше забава, невина музика за млади, нов жанр, што родителите не го одобруваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Навистина се жалеа дека новата музика звучи грозно, но не презедоа ништо потресно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е Елвира де Алвеар, која во грижливи тефтерчиња напиша еден долг роман, што во почетокот беше составен од зборови, а на крајот од нечитливи и неодгатливи знаци. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 116
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да не мора да слушаат ги тераа децата од своите соби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е раката на Нора што го исцртува лицето на пријателката како лице на анѓел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е мечот со кој се служеа во војна, а кој е повеќе спомен отколку оружје.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Комуникацијата со Стомачето на почетокот беше оскудна сѐ до моментот кога тој ме нападна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)