Ревносни беа кога одеа на појадок или кога им стигаше смената.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
На масата немаше ништо, никаков остаток од појадок или филџан од испиен чај, масата беше без ронка или дамка по излитената мушама, дури и без грлестата вазничка со некое од нејзиното ситно цвеќе во дворот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Марк без ‘о’
Стеван со ‘в’
со цртка меѓу нив,
фала многу“,
ќе речеше
и јака ти душа
ако некое си му го
згрешил
од готвење абер ни за жива глава,
освен за печена кокошка
и за парена брокула
никако да потрефи што со што се носи
и никогаш не ми бил
особено убав
но тој ми е првата права љубов
и мој семеник мислител
знаеше да ги толкува Кант,
Декарт и Фанон
на појадок или дремнат,
да извади повеќе од пристоен
нацрт на едночинка за нецели два часа
и да се сети на секоја реплика што
Џоан Крафорд
ја кажала пред камера176
Целиот габарит на важноста на Крафорд може да се измери според нејзината положба во климаксот на низата и според тоа што нејзиното име зазема цел стих во строфата – по зборовите за „репликата“ заради дополнителна нагласка, во случај да ви избегало нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не ми допушташе ништо друго да работам, како на пример да го поправам електричниот уред за подготвување на појадоци или механичкиот читач на книги.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Добитокот можеше да издржи ден, два без храна, тој можеше да прескокне еден појадок или ручек, но снегот по патеките не трпеше одлагање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)