Напуштајќи ги, пак, ливадите, во правец кон населбита во Потковицата, која е сместена на Станкоски Рид и под неговите подножја, или во павец кон излезот од Потковицата, иако земјиштето е рамно како дланка, човек е приморан да прескокнува многу долови и ендеци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
НИК “Наша книга“, Скопје, 1975., 15-16. 184 АМ, К. 55а, инв.бр.6571. 185 Во нападот на Дебар на 1 август 1944 година учествуваа Првата македонска и Првата албанска бригада, а Првата косовска бригада го затворила патниот правец кон Дрим.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Обајцата се насмевнаа, мислите им одеа во ист правец кон модриот патлиџан!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во ходникот се слушнаа чекори што се оддалечуваа во правецот кон трпезаријата. Во близината на Центарот виеше пес.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И на пет дена пред празникот тргнаа четири табури до заби вооружени отоманци во четири правци кон Мариово, палејќи и ограбувајќи секој табур секое христијанско село што им се испречуваше на патот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Едно од децата се оддели од мажот, и направи два чекора во правец кон жената, два чекора кои можеа потоа да се претворат во трчање, но одеднаш запре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ѝ се заковуваше во една точка, како нешто невидливо, во правецот кон каде гледаа нејзините очи, да ѝ го голташе погледот, како да ја голташе и самата неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Родителите се обидуваа да ја повикаат, но таа и натаму остануваше во онаа точка кон која гледаше и каде што исчезнуваше нејзиното Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)