Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Излегувајќи за последен пат од дуќанот на својот светијован плукна на прагот и се заколна да не стапне веќе во него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но тој ништо од тие работи не зеде, туку веднаш, штом ги виде птиците во дворот, го премина прагот и стрчна кон нив да ги фати.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)