Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Празник за чувствителните кукли на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Секоја нова рожба беше празник за Козар маало.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Необичен празник за неброените играчки кои, распрснати околу самовилите ги слулеа тој чуден понес, тоа никогаш не им се случило, ете, вклучени во ритамот на танцот, го покрија лизгалиштето во недоглед.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)