пратеник (имн.) - кој (зам.)

Таквиот примерок, е примарен господов пратеник кој ја возобновува свеста на генерацијата бидејќи постепено ја губиме свеста и вниманието за базичната мисија или задача.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им кажа дека англиската влада - по добивањето на извештајот на својот пратеник кој навел дека бил воодушевен од глетката што ја видел во манастирот на чиишто патронен празник присуствувале преку петнаесет илјади верници, и дека манастирот е духовен центар на целиот крај - побарала Конференцијата на амбасадорите одново да ја преиспита својата одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)