Ова, меѓутоа, не го доведува во прашање неговото постулирање на теле-реалноста како факт во светот во којшто живееме.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И уште ви кажав дека смртниот живот е само еден од трите неопоходни чекори кон спасението, оти прво во него мораме да добиеме прошка за своите гревови од минатото, та од духовна смрт да преминеме во духовен живот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зошто постојам?‘ Затечен од прашањето негово, тогаш ви реков дека самиот Бог преку пророкот Исаија рекол дека Небото му е престол, а Земјата подножје на нозете негови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Едо направи пауза со својот збунет мозок, како секогаш кога беше во прашање неговата тајна загатка наречена жена, па рече: „Те возбудило тоа што била црна?“ „Не“, рече Елефтерија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба не се откажуваше од своите фантазми кога беше во прашање неговата визија на владеењето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Да не е во прашање неговата вера? - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко сакаше да дојде до некаков позадлабочен, философски одговор на оваа дилема, особено кога беше во прашање неговата родна земја Албанија и неговата илузија дека ќе ја разбере логиката на возвишувањето и на падовите на империите на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)