превоз (имн.) - и (сврз.)

Посебно вреди да се нагласи дека законот пропишуваше во случај кога на одреден конкурс или оглас ќе се пријави лице кое е во работен однос и лице кое е невработено, при ист број бодови, приоритет да има невра- ботеното лице (чл. 47, 48 и 60). •  Правото на надоместок на трошоците за превоз и исхрана за вре- ме на стручно оспособување или преквалификација, како и исто ниво на заштита на правата како и останатите работници (чл. 19 и 73). •  Правото на надоместок на трошоците за превоз и селидба за она невработено лице и членовите на неговото потесно семејство што преку органите за вработување се вработило на друго место и го про- менило местото на живеење (чл. 20). •  Можноста невработеното лице да оствари право на надоместок на трошоците за превоз до организацијата на чиј конкурс или оглас учествува, како и на трошоците за прибирање на определени докумен- ти (чл. 22). •  Обврската организациите да создаваат услови за вработување на инвалидни лица (чл. 65).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)