предлог (имн.) - бев (гл.)

Предлогот беше едногласно прифатен: Фантастично! Супер!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко добро знаеше дека предлогот беше бездруго дел од мајкиниот сон Татко да остане остане во Цариград, а потоа и целото семејство да дојде во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)