Од Софија телеграфираат оти тамошниот воен министер зел од офицери на разни европски и американски држави предлог да се примат тие во бугарската армија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Едно време зачестија предлозите да му се суди на Чанга во отсуство, за предавство на државата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Предлогот да бидам секретар на КОЕМ, дојде лично од кај вас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу полезен. И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)