И одеднаш сите нешта во таа просторија добија едно друго значење: сите тие заборавени и отфрлени предмети можеа да претставуваат и уште нешто, да потекнуваат и од други места и средини, различни од оние на кои си помислуваше при нивното прво согледување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во својот “Автобиографски есеј”, 1970-та, тој напиша: “Ја познавам женева многу подобро од Буенос Аирес, што лесно може да се објасни со фактот дека во женева нема две раскрсници што се слични, па човек брзо ги воочува разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Главниот предмет беше латински, и јас наскоро открив дека другите предмети можат малку и да се занемарат доколку латинскиот ви е добар... живеевме во еден стан во јужниот, односно во стариот дел на градот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој знае каде што се наоѓа во темнината, секој предмет може да го фати со непогрешлива сигурност таму каде што си стои.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се сеќавам на времињата кога еден ваков предмет можеше да достигне и осум фунти, а осум фунти беа - па, не би можел да пресметам сега, но тоа беа големи пари.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како исфрлени стари предмети можеа да се видат на куп децата во тој предел крај ѕидот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)