Знаејќи какви биле тие доживувања, човек паѓа во искушение да нагаѓа: дали обликот на предметот, или движењата што се прават при играњето со него (дршката треба да се забоде во топката), на некој начин ги сугерираат настаните што се случиле онаа вечер кога заедно излегле на Пигал, или можеби предметот е буквална илустрација на старата француска поговорка “c’est un veritable bilboquet” (грубо преведено: He’s a giddy-headed guy; или: “Му лета паметот”)?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Единствен предмет изложен во оваа просторија беше Дишановата „Полица за шишиња“ и не поставена на постамент, како што традиционално се поставуваат скулптурите, туку обесена со јаже на таванот, имитирајќи го на тој начин методот на штедење на простор при складирање на редимејдите, што самиот Дишан го користел во своето атеље.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Изложбата почнува од една просторија со натпис „убавината на рамнодушноста“ - Дишанов израз за однесувањето за кое тој тврдеше дека го прифатил одбирајќи ги „редимејдите“, секојдневни предмети подигнати на ниво на уметнички дела само со моќта и вредноста на уметниковиот избор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со исклучок на овој необичен предмет, речиси сите други предмети изложени на изложбата беа познати од поранешните публикации за Дишан, иако некои од нив не беа досега изложени.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)