Вака, само ми остана да си го замислувам необичното патување и да жалам", гласеше скржавиот завршеток на приказната на мајка ми за патувањето низ денот и ноќта кога тргнала да ја престигне својата најважна одлука во животот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Краткото дружење со Самоников ме поучи дека тој ги употребува зборовите место надежта во она негово упорно приближување кон времето што претстои.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Истовремено, со тоа мое приближување кон Вера, во душата ми се спротиставуваше друго чувство, една друга мисла, што како црв ме разјадуваше, не ме оставаше на спокојство.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега, кога го сети своето приближување кон сето она, можеше многу добро да ја открие и длабочината, а и сето самоодречување, и сè друго, што некогаш само го насетувал кај својот Брат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што се однесува до другите групи и автори нивното приближување кон country повеќе е неочекувано нападно отколку шокантно. Bob Mould го искористи одморот во работата со групата Sugar за да, во потрага по инспирација, привремено се пресели во Austin, Texas, новата мека на country музиката; Kim Deal од The Breeders и Donita Sparks од L7 ги истакнуваат Dolly Parton и Patsy Cline како свои неприкосновени хероини; Henry Rollins ќе ја вклучи Елвисовата “Love Me Tender” на својот нов албум, а песните на Frank Black, Mark Lanegan и Chris Cornell (The Soundgarden) ќе се најдат на новиот албум на Johnny Cash.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дали во сите овие размисли согледував сличности помеѓу неговите постапки и однесувањето на Загорка Пеперутката што ќе ги откријам подоцна?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)