Имено, самиот услов во законот според кој се обештетуваат само оние кои работеле во претпријатија со доминантно државна сопственост (чл. 2 ст. 1 ал. 1), а се исклучуваат оние кои работеле 111 Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Сл. весник на РМ, 87/2008. 112 Закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Службен весник на РМ, 33/2014. 112 во претпријатија во приватна сопственост (тука спаѓаат и оние кои практично цел свој работен век работеле во јавни претпријатија, а за време на процесот на транзиција/приватизација истите тие претпријатија преку ноќ станале приватни) е противуставен и се коси со чл. 9 ст. 2 од УРМ според кој „Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“ и со чл. 55 ст. 2 од УРМ кој вели дека „Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)