По овие зборови тој раскажа приказна со која ги саштиса сите околу него: - Знаете каде е Горна Порта, им рече со таинствен глас.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И оној од Ираклион, се сети, имаше приказна со неа во главната улога: се качуваше по спиралните скали со везена железна ограда на една сецесионистичка зграда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како што шаманот може да понуди пејотл (дрога), така терапевтот може да ги понуди фармаколошките плодови на биомедицинската наука за да го промени телото, за тоа да може да каже поинаква приказна со која ќе може да живее.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, мој е впечаток, Урошевиќ не успева величествено докрај да го задржи оној “суспенз” навестен во почетокот и неговиот расказ, и покрај целата јазична брилијантност со која е исткаен, сепак завршува по малку банално, “жанровски”, како некаква младешка носталгична приказна со одвишок ресентиман).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Животот е филм, една фина приказна со почеток и крај. Содржина толку чиста, питка како бозичка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Приказната со бугарските театарџии не завршува со пофалбата на Олби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како во моментите кога за првпат ги наслушнував оние нејасни приказни со кои мајка ми се обидуваше да ја искаже осаменоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А руменото Розе божем беше загледана во неговата приказна со таква незаинтересираност и со таков парчосан поглед, што Раде и вистински поверува дека таа ништо не разбра.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)