Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Последната синтагма, „забрадена темница“ е еден од најубавите поетски примери од книгата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во периодот од првата половина на дваесетиот век, пред самиот почеток на првата светска војна Вардарска Македонија беше потпаднала под српската чизма и сите мораа да ги сменат презимињата од македонски во српски префикс- на пример од Николовски во Николиќ, Димоски во Димовиќ.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
(Три примери од ликовните уметности: “класичниот” лавиринт од доцната ренесанса; дрвениот свод во Palazzo Ducale во Мантова; деформираниот крстовиден лавиринт на Лелио Орси, и /современиот/ на Фабрицио Клерици, “Минотаур јавно ја обвинува својата мајка”.)
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)