Тоа е краткорочна, времена граната од значења фрлена преку јазичните барикади, која што го опишува способниот, вешт индивидуалец што собира знаење/комуникациска технологија и ги користи за сопствени цели - лично задоволство, заработувачка, принцип или развој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Киберпанкерите се пронаоѓачи, инвентивни писатели, гранични уметници, филмски режисери што се впуштаат во ризик, композитори иноватори, независни научници, техно-креативци, одредени менаџери, компјутерски визионери, елегантни хакери, бит адепти, творци на специјални ефекти, видео-волшебници, неуро-пилоти, истражувачи на медиите - сите оние што храбро ги складиштат идеите и ги насочуваат таму некаде надвор, кадешто човечката мисла сè уште не ги допрела.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Она што го имаше на себе, а имаше премногу, кога ги одбирала костимите не го почитувала како принцип или свој стил затоа што беа минималистички и, вака седната, можеше да извади од памет некого затоа што долниот дел не се гледаше од месо... многу месо.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Какво е тоа дупчење, проверување, потчукнување, гледање под микроскоп, делење на куќата на нумерирани површини – што е сето тоа ако не претерување во примената на еден принцип или група принципи на пребарување, засновани само врз еден вид претстави за човековата остроумност, на кои свикнал префектот во текот на својата работа?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)