Природата беше механички збир или на квалитативни или на квантитативни ствари.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патот нѐ водеше сѐ по текот на реката Урт и можеби затоа што овде речиси секогаш дните се врнежливи, природата беше многу раскошна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Те нервираше што си прикован за кревет, зошто по природа беше многу витален.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А мојата природа беше таква што бараше блискост и единство.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го правев тоа доста добро, по природа бев исцелител, зарем не, јас сум тоа. Дали Ве интересира човечкото страдање или самата болест?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа мислеше дека таа работа лошо ќе се заврши. По природа беше претпазлива.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А по природа беше, како што се карактеризираше самиот и екстровертен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
6 Природата беше измиена од првиот септемвриски дожд што ден пред тоа обилно заврна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Природата беше во нејзиното најблагонаклонето расположение.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Источниот ветер ја ублажуваше пролетната топлина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По природа беше покорна, послушна, кротка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)